Барса пристигна во Хихон по Купот на Кралот и седмата титула оваа сезона

Јубилејното 40 издание на Купот на шпанскиот Крал во ракомет, започнува утре со полуфиналните мечеви, а честа да го отвори турнирот ќе ја има Барселона која и го брани трофејот освоен минатата година. Со еуфорија по освоената Лига на шампиони, момците на Пасквал ќе мора да „стегнат заби„ пред последната цел оваа сезона. Со шест освоени трофеи оваа сезона и серија на рекорди, Барселона бара место во историјата по нешто исклучително и уникатно. Звездите кои ја освоија ASOBAL лигата и Лигата на шампионите минатиот месец, денес пристигна во Хихон.
„Во одлична можност сме да ги освоиме сите можни титули, но штом излеземе на теренет, сигурен сум дека и ракометарите и стручниот штаб не размислуваат за бројката на трофеи, туку само за натпреварот. Од надвор изгледа како да сме многу супериорни наспроти другите тимови, но тоа треба на терен да го докажеме. И ние имаме свои приблеми, но ќе се обидеме да ги надминеме„ рече тренерот на европскиот првак, Чави Пасквал. Тој ги повика и повредените Кирил Лазаров и Сергеј Рутенка и ако има потреба ќе одлучи во последен момент дали ќе ги ризикува. Утре од 16:30, Барселона игра со Анхел Хименез во првото полуфинале, а ако го победи својот ривал ќе го очекува противникот од второто полуфинале меѓу Хуанферса и Грањолерс.




