
Селекторот на швајцарската ракометна репрезентација, Ролф Брак, го објави списокот за натпреварот со Македонија на 10 јуни, а на него нема четворица од последниот собир на Швајцарците. Поради повреди ќе отсуствуваат Михал Сваљен (рака), Штефан Фреј Фогел (рамо), Роман Сидоровиц (колено) и Лукас Фон Дешванден (грб).
Празнината ќе ја пополнат младите Димитриј Кител, Кевин Џуд и Лука Спенглер, кои имаат мало репрезентативно искуство. Македонија и Швајцарија ќе играат во Сент Гален, на 10 јуни, во претпоследниот меч од квалификациите за ЕП во Полска во 2016 година.