Започна продажбата на билети за ЕП во Полска

Вчера од 10 часот започна официјалната продажба на пакетот билети за наредното Европското првенство, кое во јануари следната година ќе се одржи во Полска. Цените почнуваат од 22 евра за полуфиналето и 26 евра за финалето и постојат шест различни категории кои се достапни за гледачите. „Најсолените„ билети се од 122 евра за полуфиналето и 153 евра за финалето. Сите заврши натпревари ќе се одиграат во новата „Таурон арена„ во Краков.

Претходно групните мечеви, покрај во Краков се и во Гдањск, Катовице и Вроцлав. Ждрепката за групите е на 19 јуни во Краков, пред одигрувањето на пријателскиот меч меѓу последниот домаќин на европско првенство, Данска и наредниот, Полска. За да се најде во ждрепката, Македонија мора да ги добие Швајцарија и Чешка во последните два меча од квалификациите.




