hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Познати темите за дискусија на кампот „Кирил Лазаров 7„

11393126 1578961625702791 2892645694809435723 n

Тимот на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7„ ги подготвува сите детали, бидејќи се наближува денот кога за прв пат ќе биде официјализиран овој камп. Веќе се познати и дел од темите на кои ќе се дискутира .Предавањата ќе ги врши персонал од Специјалната болница за хируршки болести Филип втори, партнерот на летниот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

1.Физичка активност на децата како предуслов за подобро здравје
Се почесто децата и тинејџерите времето го поминуваат седејќи, физичката активност ја подобрува работата на срцето и метаболизмот (на кој начин, наједноставно да им се објасни на децата, позитивните страни на спортот и активноста и негативните страни на физичката пасивност)

2. Исхрана кај децата спортисти - „ЗДРАВО ЈАДИ - ЗДРАВО РАСТИ"(овде тргнувајки од оброците, комбинацијата на производите,акцент на овшје и зеленчук,храна што најмногу дава енергија,распоред на оброци, со нагласок за штетноста на вештачките протеини на кој лесно се навлекуваат младите , потаоа некои правила пред тренинг поврзни со храната,најмалку 2 часа пред тренинг да не се јаде, задолжително за време на тренингот да се има шише со обична вода и сл)

3.Како алкохолот и цигарите вијаат врз здравјето на спортистите (Овде тргнувајќи од мислата на Парацелсус „Виното е храна,лек и отров се зависи од количината", алкохолот и спортот се два неспоиви поими, дали спортистите се свесни за полседдиците од овие штетници по нивната психо-физичка подготвеност, во тој правец ке ја разработиме темата).

Кампот ќе се одржи од 22 до 28 јуни во Охрид.

Share