ASOBAL Суперкупот по трет пат ќе се игра во Сарагоза
![]()
Арената „Принсипе Фелипе„ во Сарагоза ќе биде поприште на ASOBAL Суперкупот, кој ќе го играат шампионот и финалистот на Купот на Кралот, како и минатата сезона, Барселона и Грањолерс. Јубилејното 30 Суперкуп издание ќе се одигра на 2 септември од 20:30 часот и ќе го означи стартот на новата сезона во шпанскиот ракомет.
Тренинг победа за старт на новата сезона на Барселона
![]()
Сант Кугат - Барселона 16:42 (7:25)
Ракометарите на Барселона обезбедија финале на Каталонскиот Суперкуп и наредниот петок против Грањолерс ќе се обидат да го одбранат првиот од седумте трофеи освоени минатата сезона. Против нисколигашот Сант Кугат, европскиот првак забележа победа од 26 разлика, во првиот официјален меч по 16 дена подготовки.
Јиха од денес официјално соиграч на Лазаров
Филип Јиха од денес не е повеќе член на Кил и потпиша договор со европскиот првак, Барселона. Клубот од Каталонија утрово го официјализираше ангажманот на најдобриот чешки ракометар на својата официјална веб страна. Чешкиот репрезентативец е големо засилување за Барселона и трет новајлија по Сипржак и Копљар.
Египетски противник во четвртфиналето во Доха за Барса
![]()
Учесниците на IHF Суперглоб во септември во Доха, ги дознаа своите противници за четвртфиналето. Новиот систем на натпреварување нуди неизвесност уште од самиот старт, па сите екипи ќе одиграа по три натпревари, а титулата од минатата сезона ја брани Барселона.
ФОТО: Лазаров нај-стрелец, Сигурдсон нај-играч на турнирот во Кил
![]()
Барселона ја започна новата сезона онака како што ја заврши старата. Победата на турнирот во Кил, каде европските прваци ги победија Кил и Лајпциг е јасна најава што ги чека ривалите и во сезоната 2015/16. Нашиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров со 11 гола на двата натпревари е прогласен за најдобар стрелец на турнирот.
Барса авторитетно најдобра на „Унсер Норден Купот„ во Кил
![]()
Ракометарите на Барселона се победници на „Унсер Норден Купот„ кој вечерва се одигра во „Шпаркасе арената„ во Кил. Во тромечот во кој играа секој со секого по системот две полувремиња од по 20 минути, Барселона најнапред го победи традиционалниот германски клуб Лајпциг со +10, а потоа и германскиот шампион Кил со +5. Барса по само десетина дена подготовки веќе делуваше хомогено, а посебно расположен беше нашиот Кирил Лазаров кој беше најефикасен и на двете средби. Нашиот капитен постигна 6 гола против Лајпциг и 5 против Кил.
Хелветиа Анаитасума, прв ривал на Барса во ASOBAL лигата
![]()
Денес шпанската ASOBAL лига го обелодени календарот за сезоната 2015/16, во која Барселона влегува како шампион и бранител на трофејот, но и единствен фаворит за титулата. Фаворитот во првото коло ќе игра со Хелветиа Анаитасума на домашен терен во „Палау Блауграна„. Терминот за одигрување на првото коло е 5,6 септември, но со оглед на тоа што Лазаров идругарите ја бркаат светската титула во Доха, овој меч ќе биде поместен за првиот слободен термин.
Може ли некој да ја прекине хегемонијата на Барса во ASOBAL лигата?
![]()
На еден месец до почетокот на новата ASOBAL лига, не се назира јасен против кандидат на Барселона за освојување на домашните трофеи. Пазарот е сеуште отворен и доведувањата на засилувања се во игра, но еве како до овој момент купуваа и продаваа најсериозните кандидати на Барселона на нашиот Кирил Лазаров.
Новајлиите во Барса желни за трофеи и нови докажувања
![]()
Веднаш по првата прозивка и првиот тренинг, Барселона официјално ги претстави своите први две засилувања за оваа сезона. Хрватот Марко Копљари полскиот кружен напаѓач, Камил Сипржак, заедно со тренерот Хавиер Пасквал зборуваа пред јавноста и новинарите и најавија нова плодна сезона.
По 58 дена одмор, стартуваше „машината„ на Барселона
![]()
Според агендата, ракометарите на Барселона утрово ги започнаа подготовките за новата натпреварувачка сезона. Со вкупно 18 ракометари , од кои 16 професионалци од првиот тим и два младински ракометари, Ревуелта и Маркез, тренерот Пасквал денес прозиваше по 58 дена пауза.




