hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

„Лавовите„ поумешни и посреќни од европскиот првак

lowen - barca 1

Рајн Ловен Некер - Барселона 22:21 (10:9)

Две години по драматичното четвртфинале ,во кое Барса ги елиминира „лавовите„ само благодарение на повеќе голови во гости, двете екипи сега се соочија во првиот меч од новиот систем на групната фаза на најсилниот европски куп. Германскиот вицешампион во интензивен натпревар успеа да му го нанесе првиот пораз во Европа на тимот на Пасквал по повеќе од една сезона (22:21). По изедначениот почеток, германците преку Шмит и Грецки поведоа со 5:3 и веднаш стручниот штаб на Барселона побара тајм-аут. Реакцијата ја донесе нашиот Кирил Лазаров кој постигна 3 гола, а се разбуди и Сигурдсон за прво водство на гостите (6:7).

lowen - barca 2

По нешто преку 6 минути без постигнат гол, Рајн Ловен Некер се разбуди и успеа да го врати водството и на одмор да замине со +1, со голот на Уве Генхајмер. Шариќ имаше неколку одлични интервенции во последните неколку минути од првиот дел. Колку беше тешко да се постигне гол покажа податокот дека на почетокот од вториот дел скоро 5 минути, ниту една екипа не успеа да постигне гол. Главната улога ја играа одбраните и двата голмани Апелгрин и Шариќ. Во 43 минута пак први се одлепија домаќините со голот на Грецки (16:13). Барселона реагираше и пак Лазаров и Томас го стигнаа противникот (16:16). Во последните 10 минути следеше вистинска драма. Барса поведе со 17:18 и се чинеше дека може да го исконтролира водството. Но пак една од екипите направи мини-серија, овој пат домаќините со 3:0 и дојдоа до одлучувачкото одлепување од 20:18. Во овај период репрезентативецот на Швајцарија, Шмит играше клучна улога во домашниот табор. И последните обиди главно преку „првата виолина„ на Барса, Кирил Лазаров не му понудија можност на гостинот да освои ниту бод. На крајот 22:21 и за прв пат по долги години, Барселона со пораз ја стартува Лигата на шампионите. Во победничкиот табор најефикасни беа Генхајмер со 6, Шмит постигна 5, а Грецки 4 гола. Кај Барселона, Кирил Лазаров постигна 6 гола, а Гудјон Валур Сигурдсон беше автор на 4 гола. Мечот го водеа судиите од Македонија, Николов и Начевски. Можност за првата победа, европскиот првак ќе бара наредната сабота од 18:45 часот во „Палау Блауграна„ против Кристанштад.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share