Барса тргнува во одбрана на титулата

В недела од 19:30 часот, ракометарите на Барселона ја почнуваат одбраната на титулата во Лигата на шампионите, од жешкиот терен во Манхајм против Рајн Ловен Некер. Досегашните две гостувања во „Сап Арената„ за момците на Пасквал беа многу драматични. По 38:38 во групната фаза во сезоната 2010/11, пред две сезони подоцна двете екипи се сретнаа во меч за пласман на Final four во Келн.
Германците славеа со 38:31 со поништен гол на Лазаров во последната секунда од мечот. Подоцна во „Палау Блауграна„ каталонците ги надополнија тие седум гола разлика и се пласираа во полуфиналето (31:24). Денес во тимот на Рајн Ловен Некер, европскиот првак гледа најсериозен кандидат за првото место во групата.
Сите натпревари на Барселона од групната фаза на Лигата на шампионите:
Б - група
Рајн Ловен Некер - Барселона
Барселона - Кристанштад
ПИК Сегедин - Барселона
Барселона - Монпеље
Виве Тарги Киелце - Барселона
Барселона - Колдинг
Барселона - Вардар
Вардар - Барселона
Колдинг - Барселона
Барселона - Киелце
Монпеље - Барселона
Барселона - ПИК Сегедин
Кристанштад - Барселона
Барселона - Рајн Ловен Некер




