hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Веспрем е вториот финалист во Доха

ugalde-sydney629
И наредниот светски клубски првак во ракомет ќе биде од стариот континент. Веспрем и Фуксе Берлин ќе играат во финалето на IHF Суперглоб во Доха. Европскиот вицешампион Веспрем, лесно го совлада шампионот на Австралија и Океанија, Сиднеј Универзити со 29:17 (9:5). Самиот пласман во полуфиналето за сметка на Ал Саад од Катар, беше подвиг за„ кенгурите„ но за нешто повеќе сега-засега можат само да сонуваат. Во таборот на унгарскиот и СЕХА првакот, Момир Илиќ постигна 8, а Иван Слишковиќ 6 гола. Кај Сиднеј Универзити најпозитивен беше Лендстром со 4 гола. Утре во малото финале ќе играат Барселона и Сиднеј Универзити, а во големото Фуксе Берлин и Веспрем. 
 
Share