hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

„Лисиците„ од Берлин го „украдоа„ трофејот од Доха

fuchse doha

Фуксе Берлин - Веспрем 28:27 продолженија 24:24 (15:13)

Победникот на ЕХФ Купот, германски Фуксе Берлин ја комплетираше својата перфектна недела, освојувајќи ја светската клубска титула. Бундеслигашот најнапред ја совлада Барселона во полуфиналето, а денес во финалниот меч беше подобар и од унгарскиот и СЕХА шампионот, Веспрем со 28:27 (24:24) (15:13). Ниту 60 минути не беа доволно да се добие победникот, откако новиот ракометар на Веспрем, Арон Палмарсон погоди и овозможи дополнителни два пати по 5 минути продолженија.

finale superglobe 1

Но таму клучен човек беше Томесен, кој постигна 3 гола и на Фуксе Берлин му го подари највредиот трофеј во клубската историја. Откако во мај на домашен терен го освои вториот по квалитет европски куп, „лисиците сега се на врвот од светот. Во победата во финалето, Кент Робин Тонесен вгради 6 гола, по 4 постигнаа Ненадиќ и Виде. Кај Веспрем блескаше Ренато Сулиќ со 8 гола, Момир Илиќ даде 6, а Ласло Наџи беше автор на 4 гола.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share