hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Само Лазаров беше премалку за финале: Фуксе Берлин го изненади фаворитот

25-26-el-barca-destronado-en-la-super-globe

Барселона - Фуксе Берлин 25:26 (15:12)

За прв пат откако игра во Доха на IHF Суперглоб, Барселона мораше да игра со европска екипа во полуфиналето. Победникот на ЕХФ Купот, германски Фуксе Берлин спречи трето последователно финале во Катар за европскиот првак и го порази фаворитот со 25:26 . Пасквал мечот го почна со Гонзало на голот, Копљар и Жалуз на бековските позиции и Сорондо на линијата.

Нашиот Кирил Лазаров добро го почна мечот и ги постигна првите два гола за екипата на Барселона. Но во текот на целото прво полувреме, каталонците имаа проблеми со германците, кои водеа се до 20 минута. Ненадиќ беше расположен, а солидно играа и Петерсон и Тонесен. При 10:10, шпанците направија серија 3:0 и благодарение на Арињо, Јиха и Лазаров на одмор заминаа со 15:12. И вториот дел започна со гол на Лазаров за најчестите 3 разлика за екипата на Пасквал. Извесно беше дека само со расположен Лазаров, не може да се добие квалитетен ривал како Фуксе Берлин и на Пасквал му требаше цврста одбрана и Јиха како помош за нашиот капитен. Кога германците се доближија на 18:19, Лазаров постигна нови два гола против „стариот муштерија„ Штокл за 18:21.

Според очекувањата мечот влегува во драматична завршница. При 21:22, Гонзало одбрани зицер за израмнување, а Пасквал побара тајм-аут на 9 минути до крајот. Следеше гол на Раул Ентрериос за +2, а шпанскиот голман Гонзало Перез де Варгас одбрани и седмерец во клучната фаза. Одбраната на Барса беше клучот, а Јиха со ефектен гол зголеми на 21:24 во 55 минута. Фуксе Берлин не се предаваше и преку Ненадиќ и Драго Вуковиќ комплетно се врати во мечот (23:24). Кога најмногу требаше, Кирил Лазаров со бомба го врати спокојот кај европскиот првак (23:25). Но упорните германци се вратија до 25:25 и со исклучувањето на Виктор Томас, дури и имаа напад за победа и финале. Јиха направи прекршок за седмерец, откако истече времето и германскиот тим имаше голема шанса за победа. Ненадиќ го реализираше казнениот удар и направи големо изненадување (25:26). Фуксе Берлин ќе игра во финалето за светската титула, а Барселона ќе се бори за третото место. Ова е прв пораз на Барселона во Доха, откако се игра завршниот турнир за светска клубска титула. Во екипата на Барселона, единствена светла точка беше Кирил Лазаров со дури 11 гола од 15 обиди. Кај победничкиот Фуксе Берлин, Петар Ненадиќ постигна 8 гола, вклучувајќи го и последниот одлучувачки гол.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погленете ТУКА:

Share