hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса го положи тестот пред почетокот на Лигата на шампионите

arino 2

Барселона - Фригорификос Моразо 34:23 (21:11)

Ракометарите на Барселона имаа добра генерална проба за мечот со кој ќе ја отворат Лигата на шампионите, в недела против Рајн Ловен Некер во Германија. Во рамките на третото коло од ASOBAL лигата, во „Палау Блауграна„ екипата на Хавиер Пасквал го совлада Фригорификос Моразо од Кангас со 34:23. Филип Јиха го отвори резултатот по само 20-30 секунди. Дури да трепнат, гостите од Кангас имаа сериозно задоцнување.

Арињо и Сипржак погодија за 5:1 во 5 минута. Салазар Хегл со ефектен гол реализира за да ја прекине серијата од 4:0 на домашната екипа. Настапи период на обострани грешки во играта, па на половина полувреме, Барса имаше +7 со голот на Гурбиндо за 11:4. Секеира Родригез реализираше од крилна позиција, но веќе во 21 минута, европскиот првак имаше двојно повеќе голови од противникот. Шариќ се разбрани во финишот на првиот дел и ги скроти ударите на Муратовиќ и Бареира, но фаворитот на одмор замина со 21:11. Во второто полувреме на голот на Барселона застана Гонзало, а предноста најчесто варираше меѓу 8 и 12 гола. Во 8 минути во продолжението паднаа само 4-5 гола, па периодот на технички грешки значително се зголеми. Раул Ентрериос го проигра Сигурдсон за 24:14 и прекинување на постот од 4 минути без гол за Барселона. Јиха потроши многу топки за да дојде до своите 3 гола, но без треперење, првакот на Шпанија дојде до третата победа во ASOBAL лигата. На крајот финални 34:23 и добар тест пред мечот со кој Барса ќе ја почне одбраната на титулата во Лигата на шампионите во Германија. Во победничкиот тим не настапи Кирил Лазаров, кој сигурно ќе ја предводи Барселона в недела против Рајн Ловен Некер. Најефикасни во втората домашна победа беа Арињо со 6 и Сорондо и Сигурдсон со по 4 гола. Во таборот на Фригорификос Моразо, 6 гола постигна Црногорецот Алан Муратовиќ, а 5 беа дело на Поусада. Данијел Шариќ имаше 10, а Гонзало 6 одбрани, а кај гостите голманите заедно собраа 17 интервенции.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share