
Од утре во Доха почнува IHF Суперглоб турнирот за светска клубска титула. Шпанија која има дури шест титули во минатото на ова натпреварување, ја брка четвртата последователна, исто како и нашиот Кирил Лазаров. Оваа година турнирот во Доха ќе се игра по елиминационен систем од четвртфинале до финале, а не во групна фаза. За прв пат ќе има три европски екипи, кои се и најсериозни кандидати за освојување на титулата. Барселона ќе дебитира в понеделник против Ал Саад, а финалето на IHF Суперглоб е наредниот викенд.
Досегашни победници на IHF Супер глоб:
1997 - Кантабрија
2002 - Ал Саад
2007 - Сиудад Реал
2010 - Сиудад Реал
2011 - Кил
2012 - Атлетико Мадрид
2013 - Барселона
2014 - Барселона