hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса поразена по 276 дена

11954779 887310171317261 5898516211418799757 n-600x360

Вчерашниот пораз од Фуксе Берлин во полуфуналето на IHF Суперглоб во Доха, малку кој го очекуваше во ракометните кругови. Сепак и поразот е составен дел од спортот, а голем клуб како Барселона не знаеше за пораз цели 9 месеци. Овој пораз е први во 2015 година, што јасно покажува колку е тешко да се совлада големата каталонска „машина„. Последна екипа која успеала во официјален натпревар да слави против тимот на Хавиер Пасквал е полската Висла од Плок, која на 6 декември минатата година, се радуваше на домашен терен во меч од групната фаза на минатото издание на Лигата на шампионите (34:31).

Тоа беше единствен пораз на Барса минатата сезона и само уште Колдинг успеа да остане непоразен, играјќи нерешено со звездите на европскиот првак. Од тоа изненадувачко неделно попладне во Плок, каде момците на Каденас беа порасположени од Барселона, минаа 36 натпревари со исто толку победи и 6 освоени титули во овој период од 9 месеци. Се дури не дојде вчерашното изненадување, наречено Фуксе Берлин. Утре од 17:00 часот, Барселона ќе игра со Сиднеј Универзити за третото место на IHF Суперглоб, а три часа подоцна е големото финале помеѓу Веспрем и Фуксе Берлин.

Share