Утешна победа и трето место за Барса во Доха

Барселона - Сиднеј Универзити 30:20 (15:10)
Ракометарите на Барселона го освоија третото место на IHF Суперглоб турнирот во Катар, откако во малото финале го совладаа првакот на Австралија и Океанија, Сиднеј Универзити со 30:20. Иако се надеваа дека ќе играат неколку часа подоцна во финалето за одбрана на титулата, момците на Пасквал мора да се задоволат со место на пиедесталот и трето место оваа година со две победи и еден пораз. Коннкретно мечот со австралијанците беше приказна во еден смер, во која Барса почнувајќи од 16 минута поведе и не го испушти водството до крај. Сиднеј Универзити добро го отвори мечот и со головите на Љоренте и Корнења водеше со 4:6 и 6:8 во првата фаза од мечот.

Но Барса ја постави својата одбрана и за час, резултатот се смени со мини-серија од 4:0 на европскиот првак. Најнапред Гурбиндо, а потоа и Виктор Томас реализираа и на одмор, навидум со лоша игра, Барселона замина со убедливи 15:10. Вториот дел беше далеку полесна задача за фаворитот. Лазаров влезе во ритам и брзо постигна 3 гола, а Нодесбо и Арињо погодија од транзиција за 19:11 и тајм-аут на Сиднеј Универзити во 39 минута. Чиста рутина до крајот, голови на Сармиенто и Арињо и прва двоцифрена предноста на Барселона во 44 минута (23:13). На крајот победа на момците на Пасвал од 30:20 и по две први места, оваа година најтрофејниот европски првак се искачи на најниското место на пиедесталот. Во победата над Сиднеј Универзити, Арињо, Томас, Нодесбо и Гурбиндо вградија по 4 гола, а нашиот Кирил Лазаров постигна 3. Кај Австралијанците, Диего Љоренте постигна 7 гола, а Корнеља беше стрелец на 5. Каталонците не успеаа да го одбранат третиот трофеј од минатата сезона и веднаш се враќаат дома, бидејќи в сабота го имаат првото гостување во ASOBAL лигата против Арагон во Сарагоза.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




