Перфектна лига и нова победа со 40 постигнати гола за Барса
Барселона - Адемар Леон 40:29 (22:14)
30 победа во 30 натпревар во ASOBAL лигата за екипата на Барселона, која 61 последователен натпревар во домашното првенство бележи само победи. Во последниот тест пред патот за Келн, момците на Пасквал ја завршија работата против младата екипа на Адемар Леон. Нашиот Кирил Лазаров одлично го започна мечот и постигна два гола во првите 4 минути за водство од 4:2 на екипата на Барселона. Гостите возвратија преку Биоска Гарсија и Де Алмеида и намалија на 5:4 по 10 минути игра.
Почнувајќи од Шариќ на голот, целиот домашен состав „нагази„ па Гурбиндо, Лазаров и Сорондо постигнаа три неодговорени гола за 11:5. Следуваше серија од 3:0 за гостите, благодарение на Микел Агирезабалага и резултатот во 15 минута гласеше 11:8. Гостите го сменија голманот, но пак Лазаров со четвртиот гол и Карабатиќ и Нодесбо со првиот, во 20 минута зголемија на +5. Во славеничкиот амбиент во „Палау Блауграна„ како двете екипи да играа без одбрани и на одмор, првакот замина со 22:14 со разновидна и атрактивна игра. Фаворитот многу силно и сериозно му пристапи и на вториот дел и по само 4 минути дојде до двоцифена предност. Раул Ентрериос и капитенот Томас беа инспиратори на лесни голови и серија 4:1 за домашната екипа. Пинеиро и бразилецот Да Силва одговорија со по два гола за 27:20 во 40 минута. Без притисок дека Адемар Леон може да стигне и да го направи финишот незивесен, Барса играше опуштено и се позабавно. Лазаров со својот петти гол, овој пат со скок шут преку зоната, и исланѓанецот Валур Сигурдсон пак го оддалечија најтрофејниот шпански тим на +9.

Расположениот Лазаров во 42 минута го постигна 30 гол за екипата на Барселона, која полека се доближуваше до својот просек. По повредата се врати до каталонскиот тим и Даниел Сармиенто и одигра неколку минути за да се врати во посакуваниот ритам пред последните 4 средби во сезоната. Кариљо од линијата погоди за Адемар Леон, а по одбраната на Гонзало од контранапад реализираше и данецот Нодесбо (35:24). На крајот момците на Пасквал го завршија славеничкиот амбиент со голот на Нодесбо за 40 гол, последен на средбата за Барса. Финални 40:29 за Барселона и 30 победа во сезоната во меч за бодови. Во домашната екипа блескаше Кирил Лазаров со 8 гола од 9 обиди. Сигурдсон додаде уште 7, а Шариќ и Гонзало собраа по 8 одбрани. Кај Адемар Леон најсветла точка беше Да Силва со 7 постигнати гола. Според очекувањата втора последователна перфектна лига и рекорди кои тешко дека некоја друга екипа може да ги стигне и подобри. Ако нешто радикално не се смени и наредната сезона Барса ја очекува монолог во ASOBAL лигата.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




