hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Ким Сандерс е звездата на ЕХФ за завршниот турнир во Келн

kim sanders 2

Девојката која ја подигна Германија на нозе од изборот „Глас на Германија„ Ким Сандерс е музичката звезда која ЕХФ ја одбра за ракометниот викенд во Келн. Таа ќе има неколку настапи во текот на трите дена пред и за време на натпреварувањето. Денес ќе ги забавува присутните на кратката манифестација на отворањето, ќе ја пее химната на Лигата на шампионите „Do it like us„ на Роб Фаулер, а ќе има и свој настап по завршувањето на финалето.

Сандерс е американка, но живее и работи во Германија и ова лето ќе го издаде својот трет албум. Таа има 46 години и е голем вљубеник во спортот, конкретно во фудбалот и ракометот.

Share