hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса против Анхел Хименез, Грањолерс - Хуанферса во полуфиналето на Купот

copa del rey draw

По денес извршената ждрепка за полуфиналето на Купот на шпанскиот Крал во ракомет, чиј што организатор ќе биде Хихон на 6 и 7 јуни, Барселона ќе игра против домаќинот Анхел Хименез, а вториот полуфинален пар го сочинуваат Грањолерс и Хуанферса. Со оглед на тоа што ждрепката беше диригирана се избегнаа домаќинот Хуанферса и бранителот на титулата Барселона. Полуфиналните мечеви се играат од 16:30 и 18:30 часот на 6 јуни, а финалето е ден подоцна од 17:30 часот.

Овој турнир е последна активност на Барселона во клубската сезона, бидејќи една недела претходно Лазаров и другарите ќе играат на Final four турнирот на Лигата на шампионите во Келн. Доколку триумфираат на двата турнири, каталонците сезоната ќе ја завршат со седум трофеи.

 

Share