ВИДЕО: Сите членови на кампот „Кирил Лазаров 7„ здрави и способни за спорт

Деновиве млади македонски спортисти од целата земја и учесници на ракометниот камп на Кирил Лазаров се дел од прегледите на специјализираната болница „Филип втори„ и на особено задоволство сите момчиња и девојчиња се здрави и подготвени за спортска актиност.
„Досега сите кандидати на кампот успешно ги поминаа прегледите. Сите се во добра здравствена состојба. Правиме проценка на анатомската и функционална состајба на срцето и крвните садови, кардиоваскуларниот систем. Досегашните испутувања покажаа дека сите кандидати се во добра состојба и физички и кондиционо се добро подготвени со оглед на тоа што покрај ехокардиографскиот преглед, правиме и коронарен стрес тест„ рече д-р Милан Марковски од специјалната болница „Филип втори„. Кампот ќе се одржи во Охрид од 22 до 28 јуни, а интересот е огромен е предвидената бројка веќе одамна е надмината.




