hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Лазаров и Барса пристигнаа во Келн по сонот

10

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров и бројната експедиција на Барселона денес со чартер лет од Каталонија пристигна во Келн, каде овој викенд ќе се обиде по деветти пат да стане европски првак. Лазаров по четврт пат ќе учествува во Келн на завршниот турнир на Лигата на шампионите. До сега има два порази во финалето со Реновалиа Сиудад Реал и Атлетико Мадрид и еден полуфинален пораз со Барселона, минатата година од европскиот првак Флензбург.

13

Лазаров е најдобар стрелец од сите присутни на турнирот со скоро 1000 гола во европските купови, а и оваа година заедно со Момир Илиќ ќе се бори за титулата најдобар стрелец во Лигата на шампионите, која веќе два пати ја освојувал. Барса вечерва ќе го има првиот тренинг во „Ланксес арената„, а утре за прв пат ќе зборува со новинарите. Утре во 13 часот ќе биде обелоденет и иделаниот тим на сезоната, а за место во идеалната седумка кандидира и нашиот Лазаров. Барса оваа сезона има пет титули в џеб, а освен Лигата на шампионите, ќе игра и на завршниот турнир на Купот на Кралот во Хихон. В сабота од 15:15 во распродадената арена во Келн, во првото полуфинале Барселона ќе игра со Киелце. Се предводува присуство на скоро 1000 каталонски навивачи во Германија. Без разлика на резултатот, експедицијата на Барселона в недела вечер со чартер лет се враќа дома.

Share