hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Нова егзибиција и чекор поблиску до перфектна лига за Барса

valur 4

Барселона - Гвадалахара 45:30 (19:14)

По двонеделната пауза заради националните репрезентации, продолжија натпреварите во ASOBAL лигата, а со тоа и победите на Барселона. Во нова егзибиција на момците на Пасквал, совладана е Гвадалахара со 45:30, во меч во кој по старата добра навика, каталонците ја прескокнаа границата од 40 гола. Благодарение на Фуертес и Ајала, гостите одржуваа 3:3 во првите 5,6 минути, но потоа ги снајде истото што и останатите ривали оваа и претходните сезони во „Палау Блауграна„.

Шариќ на голот „фати„ ритам, а Сигурдсон во 8 минута ги доведе домаќините во водство од 7:4. На исланѓанецот му се придодаде и тунискиот репрезентативец Жалуз и Барселона на половина од првиот дел имаше 12:9. Крилата на Гвадалахара паметно го користеа просторот и Роча Чуфа во 18 минута намали на 15:10. Лазаров доби шанса во втората половина од првиот дел и погоди за 18:12 во 26 минута. До крајот на првиот дел со голот на Игнасио Печина Томе, гостите од предградието на Мадрид намалија на 19:14, што беше резултатот со кој се отиде на одмор.

Вториот дел започна со замена на голот на домаќините и асистенција на Лазаров за гол на Сорондо по 40 секунди во вториот дел. Каталонците се опуштија и со головите на Роча Чуфа и Томе, Гвадалахара се доближи до 22:18 во 34 минута. Но тоа беше доволна провокација првакот да „нагази„ и Раул Ентрериос, Сорондо и Сигурдсон реализираа во неполни две минути и предноста брзо скокна на +7. Свој удел во дефинитивното „кршење на отпорот„ на гостите даде и Никола Карабатиќ кој со асистенции го приведе мечот при крај. Не ни дојде половина од вториот дел, а Барса постигна 30 гола. Во последните 16-17 минути со двоцифрена предност, шанса добија и оние кои играат поретко во сезоната. Жалуз и Гурбиндо максимално ја искористија минутажата, а Гудјон Валур Сигурдсон беше посебно инспириран и постигна серија на голови без ниту едно промашување.

На крајот убедлива победа од 45:30 за екипата на Хавиер Пасквал и уште еден чекор до перфектна лига со 30 победи. Сигурдсон со 11 гола беше прво име на натпреварот. Сорондо и Жалуз постигнаа по 5 гола, Гурбиндо, Томас и Нодесбо реализираа по 4 пати, а нашиот Лазаров беше автор на 2 гола. Кај Гвадалахара најпозитивен беше Фабио Роча Чуфа со 10 гола, а голманите одбранија само 6 топки. Победа за Барса која е добра најава за каталонското дерби со Грањолерс наредниот викенд и пред се пред завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн на 30 и 31 мај.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share