Рутенка по шестата европска круна, легендите на Барса имаат по седум
Без разлика кој ќе триумфира овој викенд во Келн, нема многу работи да се сменат на врвот на вечната листа на Купот или Лигата на шампионите. Од присустните во Рурската област на Германија, да испише исптирија има соиграчот на Лазаров, Сергеј Рутенка, кој ја брка шестата европска титула. Најмногу Куп или Лига на шампионите освоиле Андреј Шчепкин, Давид Баруфет и Хавиер О Калахан, дури по 7 пати.

Томи Свенсон, Масип, Ортега и Ињаки Урдагарин освоија по 6 европски круни. Нив може да ги достигне Сергеј Рутенка кој е во групата со Матео Гаралда, Хозе Хавиер Омбрадос, Микаел Јакимович, Патрик Чавар и Рафаел Гихоса со по 5 европски титули. Ненад Перуничиќ кој во дресот на Магдебург постигна 122 гола во сезоната 2011/02 е недостижен како најдобар стрелец на една сезона во Лигата на шампионите. Зад него се Филип Јиха од Кил со 119 и Уве Генсхајмер од Рајн Ловен Некер со 118 гола.




