hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Заврши сезоната за Јоан Саубич

saubic

Лоши вести за тренерот на Барселона, Хавиер Пасквал во пресрет на последните три недели од сезоната, На вчерашниот тренинг пред мечот со Грањолерс во рамките на ASOBAL лигата сериозно се повреди младото брзоного крило Јоан Саубич и заради повреда на мускулот на ногата шест недели ќе биде надвор од терените. Најверојатно младинецот Алберто Миралес ќе го замени како второ десно крило, зад капитенот Виктор Томас.

Надвор од стројот е и Даниел Сармиенто, кој се опоравува од фрактурата на раката која ја повреди на 23 април. Покрај Саубич и Сармиенто, денес во каталонското дерби нема да настапи ниту белорусинот Сергеј Рутенка кој се жали на болки во рамото. Ќе биде подготвен за мечот со Киелце на 30 мај во Келн.

Share