hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Проблеми на стартот и комотна победа во продолжението за Барса во каталонското дерби

gurbindo

Грањолерс - Барселона 29:34 (18:15)

Последното каталонско дерби оваа сезона беше најсериозниот тест за екипата на Пасквал пред обидот да се освои Лигата на шампионите на крајот од овој месец во Келн. Без Сармиенто, Саубич и Рутенка, Барса хендикепирана замина во своето соседство. Гостите подобро го почнаа мечот и во првите 10-12 минути, благодарение на капитенот Томас, на нашиот Лазаров и на Никола Карабатиќ неколку пати имаше +2.

Но ракометарите на Грањолерс беа силно мотивирани да ја прекинат серијата од преку 60 натпревари без пораз на момците на Хавиер Пасквал. Со голот на Феран Соле Сала на половина од првиот дел, Грањолерс израмни на 9:9. Потоа при 12:12 со головите на Хуан дел Арко Перез и Трехо, домаќините за прв пат отидоа во водство од два гола. Таа предност ја задржаа до самиот крај на полувремето и со голот од контранапад на Перез, на одмор заминаа со 18:15, во едно од најлошите изданија на Барса оваа сезона во домашниот шампионат. Лазаров и Карабатиќ со по 4 гола во првиот дел беа единствените позитивни во таборот на шампионот, но одбраната беше далеку од вообичаената за Барселона. Вториот дел започна со далеку поголема концентрација и внимание.

Откако Грундштајн погоди за 19:15, гостите направија серија 4:0 и Сигурдсон и Томас во 34 минута израмнија на 19:19. Шариќ стануваше се подобар на голот, иако Родригез со 11 одбрани во првиот дел беше подобар од голманите на првакот. Но гостите го подготвуваа пресвртот и во 40 минута со два лесни гола од транзиција на Сорондо и Томас, Барселона поведе со 22:24. Од тој момент фаворит загосподари, играше многу подобро во одбраната и полека се оддалечуваше на семафорот. Гурбиндо постигна два гола и во 47 минута, Барселона имаше веќе комотни 25:29. Руис Санчез со два последователни гола се обиде да го врати домашниот тим во мечот, но се чини бепе доцна. При 27:31 во 55 минута, се зависеше од фаворитот, а Барселона ретко пропушта ваква предност.

Сигурдсон од седмерец ги разреши дилемите околу победникот, со голо за 27:33. Така Барса и покрај проблемите на почетокот од мечот ја забележа и 29 победа од исто толку натпревари оваа сезона. Конечни 29:34 за веројатно нова перфектна ASOBAL лига со 30 победи за Барселона, која наредниот викенд во „Палау Блауграна„ го дочекува Адемар Леон. Во победничката екипа најефикасни беа Томас со 7 и Карабатиќ со 6 гола. Нашиот Лазаров беше автор на 4 гола, а голманите Гонзало и Шариќ собраа 15 одбрани. Кај Грањолерс прва фигура во мечот беше Алваро Руиз Санчез со 7 гола, Феран Соле Сала и Гиљерме де Толедо дадоа по 5 гола, а голманот Пол Састре Родригез беше одличен меѓу стативите, посебно во првиот дел и мечот го заврши со 16 одбрани.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share