hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Фуксе Берлин доби вајлд-карта за IHF Суперглоб во Доха

10672365 631972200250979 126659457719484142 n

Европа за прв пат ќе има три претставници на IHF Суперглоб турнирот за светска клубска титула, кој се одржува во Доха на почетокот на септември. Европскиот првак Барселона, вицешампионот Веспрем и победникот на ЕХФ Купот, Фуксе Берлин ќе ја преставуваат Европа.

Од Азија ќе учествуваат катарските екипи Ал Саад и Лехвија, бразилскиот Таубате како победник на Панамериканскиот шампионат, првакот на Африка и Сиднеј Универзити од Австралија и Океанија. Од оваа година се менува и системот на натпреварување, па ќе се игра нокаут фаза: четвртфинале, полуфинале и финале од 7 до 10 септември. Титулата од минатата година ја брани Барселона. Кирил Лазаров последните три сезони е победник на IHF Суперглоб турнирот во Доха.

Share