hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Цела Барселона во идеалниот тим на ASOBAL, Лазаров најдобар десен бек

11212782 454933451348965 8539514948617721428 n

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров беше избран во идеалниот тим на ASOBAL лигата, како најдобар десен бек во шпанската лига. Лазаров освои 28,9% од вкупниот број гласови за својата позиција, пред Луис Фелипе Хименез Реина од Натурхаус Ла Роха (12,1%) и соиграчот, Едуардо Гурбиндо (8,5%). Во идеалниот тим се најдоа само ракометари на Барселона, што јасно покажува каква сезона оставија зад себе каталонците.

Идеален тим на ASOBAL лигата:

Голман: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)

Лев бек: Раул Ентрериос (Барселона)

Среден бек: Никола Карабатиќ (Барселона)

Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)

Лево крило: Виктор Томас (Барселона)

Десно крило: Гудјон Валур Сигурдсон (Барселона)

Кружен напаѓач: Јаспер Нодесбо (Барселона)

Дефанзивец: Виран Морос (Барселона)

Тренер: Хавиер Пасквал (Барселона)

 

Share