Ѓоргоноски: „Презадоволни сме, од в година веројатно и втора смена на кампот„

Штом ќе „легнат„ емоциите ќе може полесно да се анализира сработеното накампот, а агенцијата КМГ го потврди своето задоволство од седумдневното искуство крај охридското езеро.
„Имајќи предвид дека сме пионери во оваа работа, мора да бидеме задоволни од сработеното. Нормално е како и во секоја работа дека можеби имаше и некои пропусти. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите учесници, да им се извинам за она што можеби сме го погрешиле. Компексот и терените „Аквалина„ во Охрид беа прекрасно место за ова седум дневно дружење. Мора да го пофалам и спортскиот дел на чело со Кире Лазаров кој перфектно го организираше настанот со голем број на учесници. Не послужи и времето, а сакам да им се заблагодарам и на нашите партнери. Децата и родителите се презадоволни веќе прашуваат што ќе се случува идната година. Според интересот можам данајавам дека следната година веројатно ќе имаме две смени„ рече Горан Ѓоргоноски, маркетинг директор на агенцијата КМГ која го организираше првиот камп на Кирил Лазаров во Охрид.




