hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Новајлиите во Барса желни за трофеи и нови докажувања

siprzak i kopjar 2

Веднаш по првата прозивка и првиот тренинг, Барселона официјално ги претстави своите први две засилувања за оваа сезона. Хрватот Марко Копљари полскиот кружен напаѓач, Камил Сипржак, заедно со тренерот Хавиер Пасквал зборуваа пред јавноста и новинарите и најавија нова плодна сезона.

„Пред нас имаме многу големи мечеви и натпреварувања, за да ги одбраниме трофеите од минатата сезона. Сега треба напорно да работиме засе подготвиме за предизвиците„ рече полскиот репрезентативец, Камил Сипржак. „Нема да биде лесно да се освојат сите трофеи од минатата сезона, но овој клуб од прв поглед ми потврди за каква институција се работи„ изјави на официјалната презентација Марко Копљар, кој дојде од ПСЖ. До крајот на преодниот рок многу веројатно во Барселона ќе пристигне уште 1-2 нови ракометари.

Share