hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса утре стартува со подготовките и новите предизвици

10356758 982965945046867 2373517002134300893 n

Европскиот првак Барселона утре ги започнува подготовките за новата сезона, во која Лазаров и соиграчите ќе се обидат да ги одбранат седумте трофеи кои ги освоија минатата сезона. Според планот како и секоја година, првата недела каталонците ќе тренираат на Андора, каде ќе го минат најтешкиот, физичкиот дел од подготовките. Потоа следува периодот во кој Пасквал и ракометарите ќе тренираат во „Палау Блауграна„ и ќе почнат да играат контролни или турнирски натпревари.

На 12 август, европскиот шампион ќе учествува на турнирот во Кил, каде покрај домашната екипа ќе настапи и Лајпциг. На 21 август следи првиот официјален натпревар од полуфиналето на каталонскиот Суперкуп, на кој ривал ќе биде Бордилс или Сант Кугат (ждрепката е на 17 август). Финалето, кое многу веројатно како и лани ќе биде против Грањолерс, ќе се одигра на 28 август. Овие две екипи ќе се сретнат и во ASOBAL Суперкупот на 2 септември. Ден претходно ќе се одржи Гала вечерата на ASOBAL, каде нашиот Кирил Лазаров ќе ја добие наградата за место во идеалниот тим како најдобар десен бек во шпанскиот шампионат. Веднаш потоа на 5 и 6 септември, ракометарите на Барселона патуваат за Доха, каде ќе ја бранат титулата од IHF Суперглоб, која ја освоија минатата година. Лазаров од вчера е во Барселона и како нови соиграчи в понеделник ќе ја дели соблекувалната со хрватот Копљар и полјакот Сипржак.

Share