hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Чакарески: „Поставивме високи стандарди и ќе бидеме уште подобри во иднина„

20150622 162001

Спортскиот директор на кампот „Кирил Лазаров 7„ Милчо Чакарески откри дека во проектот учествувал голем број на луѓе и дека кампот се подготвувал со месеци и до најмалите детали. Секако задоволството е поголемо ако се знае дека се минало во најдобар ред и целите се остварени.

„Големo е задоволството од добро завршената работа. Точно е дека оставивме се што планиравме и се што не беше зацртано, благодарение на 30 луѓе кои учествуваа во организацијата. Некаде кога пред Нова година, кога срамежливо почнавме тоа да го најавуваме, кај сите постоеше страв како тоа ќе се одвива. Но како одминуваше времето минуваше, оптимизмот беше се поголем и на крајот сите можеме да бидеме да бидеме задоволни што овој ракометен фестивал мина во најдобар ред. Поставивме високи стандарди кои во иднина ќе се обидеме уште повеќе да ги подигаме и да го направиме кампот уште поуспешен. Посебно ми е драго и компанијата во која јас сум директор на продажба „Евроинс Осигурување„ и нејзината мајка фирма „Еврохолд„ го препозна овој проект. Тие имаат свое мото „Сите имаат минато, а ние имаме иднина„ и со мое посредство и посредство на двајцата извршни директори го препознавме проектот на најдобриот светски ракомет и на најдобриот македонски спортски и било каков амбасадор, Кирил Лазаров и успеавме да се придружиме на најдобриот. Затоа што и во сфератана бизнисот сакаме да бидеме најдобри во Македонија и нема подобро место од дружењето со најдобриот„ вели Чакаревски.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share