
Шпанската компанија Телефоника потпиша тригодишен договор со ASOBAL закомплетно телевизиско покривање на шпанскиот ракомет во наредните три сезони. Договорот е важечки за сите натпреварувања на ASOBAL, почнувајќи од лигашките натпревари, ASOBAL Купот и Суперкупот и Купот на Кралот.
Со овој договор, кој е важечки до сезоната 2017/18, скоро сите поважни натпревар од шпанскиот шампионат ќе бидат достапни за љубителите на ракометот, и тоа не само на малите екрани, туку и на паметните телефони, ајфони и ајпад уреди. Натпреварувањата во ASOBAL лигата во новата сезона добија нов спонзор и ќе се викаат ASOBAL BAUHAUS.