hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

По 58 дена одмор, стартуваше „машината„ на Барселона

pripremi 4

Според агендата, ракометарите на Барселона утрово ги започнаа подготовките за новата натпреварувачка сезона. Со вкупно 18 ракометари , од кои 16 професионалци од првиот тим и два младински ракометари, Ревуелта и Маркез, тренерот Пасквал денес прозиваше по 58 дена пауза.

pripremi 3

Во 8 часот наутро целиот ростер беше подложен на медицински тестови и потоа следеше првиот тренинг во време траење од 30 минути, главно физичка активност на тревнатиот терен. Следеше презентација на двете нови засилувања, Копљар и Сипржак и попладнево, европскиот првак ќе замине за Енкамп (Андора) каде цела оваа недела ќе ги изврши базичните припреми за сезоната која претстои.

Share