hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров го загуби својот најдобар соиграч

karabatic 55

31 годишниот француски интернационалец и најдобар светски ракометар за 2014 година, Никола Карабатиќ ја искористи клаузулата во договорот со Барселона и си замина од актуелниот европски првак. Тренерот на екипата Хавиер Пасквал потврди дека пред неколку недели, Карабатиќ им ја соопштил одлуката и на врвот на континентот си заминува од ASOBAL лигата.

Французинот кој беше најдобар соиграч, а е и одличен пријател на Кирил Лазаров, во две сезони освои 12 од можните 13 трофеи и беше прогласен за МВП на последниот завршен турнир на Лигата на шампионите

Share