ВИДЕО: Лазаров и „Евроинс„ ги откриваат одличните седум

На денешната прес-конференција која се одржа во СЦ „Борис Трајковски", капитенот на македонскиот ракометен национален тим и член на Барселона, Кирил Лазаров и осигурителната компанија Евроинс го најавија својот заеднички проект кој вклучува потрага по 7-темина најталентирани ракометари од цела Македонија. За продолжување на соработката со Кирил Лазаров во проектот „Кирил Лазаров и Евроинс во потрага по Одличните 7", извршниот директор на Евроинс Осигурување, Јанко Николов изјави:
„По успешната соработка која овој јуни ја имавме со Лазаров во неговиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7", каде што како што најави и самиот Кирил е негова најголема инвестиција во спортот, Евроинс како компанија се одлучи комплетно да го подржи неговиот проект за подршка на најталентираните млади македонски ракометари. Проектот "Кирил Лазаров и Евроинс во потрага по ОДЛИЧНИТЕ 7" е долгогодишен проект на пронаоѓање на седуммина млади најтелентирани ракометари од целата држава, нивно менторирање, насочување и помагање во секоја смисла. Активностите кои се предвидени во овој долгогодишен заеднички проект, ќе стартуваат од септември и покрај продолжување на соработката околу ракометниот камп, ќе се состои и од помагање на младите ракометари со стипендии, менторство, едукација, насочување на вистински вредности и слично" истакна Николов.

Најдобриот македонски спортист за неговиот нов проект и соработката со Евроинс изјави: „Сакам да го изразам моето задоволство што проектот кој што го најавивме со успешно организираниот ракометен камп „Кирил Лазаров7" за вложување во младите македонски ракометари, сега добива свое продолжение во еден многу поголем проект, каде што Кирил Лазаров и Евроинс Осигурување заеднички ќе се впуштат во потрага во најталентираните македонски ракометари. Имено, се работи за потрага по 7-мина млади талентирани ракометари кои наредните години со наша заедничка подршка ќе се реализираат во врвни спортисти, кои ќе бидат значаен дел од идните успеси на нашиот најуспешен национален тим. Благодарам на компанијата Евроинс, што препозна вистински вредности во мене како спортист но и во проектот во кој ќе се обидам да го пренесам моето огромно искуство, а Евроинс како општествено одговорна компанија ќе го подржи со стипендирање на идните македонски репрезентативци. Од друга страна, се надевам дека во следните три години како бренд-амбасадор на Евроинс, компанија со која имам претходно позитивно искуство, ќе придонесам да луѓето ги препознаат вредностите кои оваа компанија ги поседува" заврши нашиот репрезентативен капитен. На прес-конференцијата Кирил Лазаров беше промовиран во бренд-амбасадор на Евроинс Осигурување, а извршниот директор на Евроинс, Ралица Губерова некриејќи го своето задоволство изјави:

"Врз основа на успешно реализираниот прв ракометен камп и успешната соработка за време на истиот, а и препознавајќи ги вредностите на Кирил Лазаров, како спортски така и човечки, компанијата Евроинс се одлучи да склучи тригодишна соработка со најдобрата светска 7-ка како бренд-амбасадор на команијата. Од пред неколку месеци Евроинс е со делумно обновен менаџмент, а со тоа и со нова долгорочна стратегија за развој на друштвото. Имено, ние се трудиме да понудимe квалитетно осигурување на нашите клиенти и да ја добиеме нивната доверба кон Евроинс како долгорочен партнер на кој можат да се потпрат. Квалитет, доверба, одговорност - тоа се причините поради кои го избравме Кирил Лазаров за бренд-амбасадор на Евроинс, кој е врвен професионалец, лидер на најуспешната национална селекција во Македонија, човек кој секогаш превзема одоговрност, колега кој ужива доверба кога е најтешко но и кога треба националниот тим да се потпре на него. Тоа ќе бидат и карактеристиките на нашиот нов семеен пакет од Евроинс кој ќе го понудиме во периодот кој следува" заврши Губерова.
Средбата со новинарите се одржа на паркетот во СЦ „Борис Трајковски" , местото на кое младите талентирани ракометари треба да продолжат по стапките на најуспешната македонска генерација предводена од капитенот Кирил Лазаров.




