Барса во четвртфиналето ќе игра со Кил или ПИК Сегедин
![]()
По завршувањето на групната фаза на Лигата на шампионите познати се осминафиналните мечеви. Две екипи кои беа победници во А и Б групите, Барселона и ПСЖ директно ќе патуваат во четвртфиналето. Познато е и дека екипата на нашиот Кирил Лазаров го чекам поуспешниот од мечот ПИК Сегедин - Кил за ривал во четвртфиналето.
Лазаров мотивиран против Ристовски, Барса во четвртфиналето
![]()
Барселона - Рајн Некар Ловен 26:20 (11:10)
Ракометарите на Барселона го совладаа германскиот Рајн Некер Ловен со 26:20 (11:10) и сега Лазаров и соиграчите се на само една пречка до пласман на уште еден фајнал-фор. Мечот започна израмнето и со головите на Жалуз и на Сигурдсон, Барса двапати поведуваше, а Германците преку Баена израмнуваа.
Лазаров пак клучен човек, Барса со нова победа
![]()
Гвадалахара – Барселона 26:36 (14:18)
Ракометарите на Барселона ја забележаа 81 победа по ред во домашното првенство. На гостувањето во мадридското предградие совладан е тимот на Гвадалахара со 26:36 (14:18).
Пуштени во продажба билетите за Олимписките квалификации
![]()
Денес на пладне полската ракометна федерација ги пушти во продажба билетите за предолимпискиот ракометен турнир, кој ќе се одржи во Гдањск од 8 до 10 април. Билетите имаат цена од 14 до 24 евра, а организаторите нудат пакети од 35, 50 и 60 евра за сите три натпревари.
Гонзало несовладлив, Барса пак победува со многу резерва во нозете
Барселона - Хуеска (20:12)
По победата во Шведска против Кристијанштад, ракометарите на Барселона имаа само два дена да го подготват домашниот меч со Хуеска. Иако квалитетот е јасно на нивна страна, сепак мораа сериозно да му пријдат на предизвикот. Откако први примија гол, Каталонците преку Сипржак, Виктор Томас и Арињо направија серија и поведоа со 5:1.
Лазаров непогрешлив, Барса лесно мина низ Кристијанштад
Кристијанштад - Барселона 24:31 (12:19)
Во мечот на првакот на Шведска и на Шпанија во малото место Кристијанштад немаше празно место за гостувањето на европскиот првак. Кирил Лазаров и покрај ударот во лицето, кој го доби против ПИК Сегедин минатата недела, ја предводеше својата екипа во уште една победа, со која Барселона е скоро сигурно на врвот во својата група (24:31).
Нов двегодишен договор за Аитор Арињо со Барселона
23-годишниот ракометар кој е продукт на школата на Барселона, Аитор Арињо потпиша нов двегодишен договор со клубот, откако договорот му беше на истек ова лето. Арињо има голем напредок во последните две сезони и како резултат на тоа добива се повеќе шанса кај Чави Пасквал, а за првпат беше повикан и во најдобрата шпанска репрезентација.
Лазаров само зад Хансен на листата на стрелците
Капитенот на македонскатаб репрезентација, Кирил Лазаров со 83 гола се наоѓа на второто место на листата на стрелците во Лигата на шампионите на две кола до крајот на групната фаза. Пред него е само Микел Хансен од ПСЖ, која сепак одигра многу повеќе минути од Лазаров за да постигне 9 гола повеќе.
Марко Копљар неколку недели надвор од терените
Марко Копљар поради повреда ќе отсуствува од терените во наредните 5-6 недели. Копљар го повреди коленото на мечот од шпанскиот шампионат на неговата Барселона против Фригорификос Моразо, кој заврши со победа на Барса со 34:22.
Лазаров и повреден најефикасен, Барса подобра од ПИК Сегедин
Барселона - ПИК Сегедин 30:25 (19:14)
Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, со победата во мечот со унгарскиот ПИК Сегедин со 30:25. Одлучувачки за победникот беа последните минути од првиот и првите од вториот дел, откако Барса ја направи потребната разлика за победа. Нашиот Лазаров и Жалуз со по 6 гола без најефикасни и клучни ракометари во победата на каталонскиот клуб.





