hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Ова е катастрофа, боли затоа што имаме квалитетна репрезентација

kire so tunis

По високиот пораз и испуштената шанса за Рио, разочараноста кај ракометарите и кај македонската јавност е голема. Капитенот Лазаров одново беше најефикасен, но по натпреварот буквално остана без зборови.

„Немам што да кажам. Катастрофа. Не е време да се даваат конечни одлуки. Треба да бидеме паметни во овој момент. Од пусто брзање промашувавме. Бевме мотивирани, свесни бевме што значи ова за нас и за Македонија. Само едно знам дека имаме квалитетна репрезентација. Тоа највеќе боли. Постојано ни се случуваат вакви работи. Постои проблем. Треба да се најде решение."

002

На прашањето што и фали на оваа репрезентација за да оди на Олимписки игри, Лазаров рече:

„Има компетентни луѓе за таа работа. Тие треба да одлучат и да ги поправат грешките. Јас само знам дека на секој натпревар играм 100% мотивирано"

Утрешниот натпревар со Чиле, кој се игра во терминот од 18.00 часот, ќе биде само формалност, бидејќи денешниот пораз значеше и крај на сонот за Олимписки игри.

 

ФОТО: Филип Вирановски - www.gol.mk

Share