83 победа по ред за Барса во ASOBAL, Лазаров пак во одлична форма

Сиудад Енкантада – Барселона 23:42 (11:19)
Ракометарите на Барселона ја нанижаа и 83 победа во шпанскиот ракомет, откако во Валенсија беа подобри од Сиудад Ентантада со убедливи 23:42. По 11 дена без официјален натпревар, екипата на Чави Пасквал со ново одлично издание на нашиот Кирил Лазаров ја совлада екипата на Сиудад Енкатада со високи +19. По изедначениот почеток, Жалуз и Лазаров со по 4 гола направија разлика и Барса брзо се одлепи на +8. Гонзало на голот собра 7 интервенции во неполно полувреме и Барса на одмор имаше 11:19.
На почетокот од вториот дел Сиудад Енкантада се обиде да се врати во мечот, но налета на одличниот Данијел Шариќ и Барса со серија 0-4 веќе направи двоцифрена разлика. Сорондо го постигна својот 300 гол за Каталонците, а Лазаров брзо дојде до најефикасниот Јиха. Само Зејак кој постигна 7 гола за Сиудад Енкантада успеваше да парира пред последните 10 минути во кои домаќинот целосно се предаде. Барса пак дојде до границата од преку 40 гола и се доближува до математичка потврда на титулата. Лазаров и Јиха постигнаа по 6 гола, Жалуз даде 5, а одлични беа и двајцата гостински голмани Гонзало и Шариќ. Кај домашната екипа Владимир Зејак со 7 гола беше најсветлата точка. Лазаров игра во голема форма пред Олимписките квалификации, а Барса се ближи кон својата најдобра форма пред четвртфиналето на Лигата на шампионите против Кил.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:





