
Македонската ракометна репрезентација нешто по 11 часот претпладне пристигна во градот Гдањск каде утре ќе го стартуваат предолимпискиот турнир. По мирниот лет тие пристигнаа во Гдањск каде што од утревечер до недела ќе се играат натпреварите од квалификациите за Олимписките игри во Рио.

Македонија е во речиси истиот состав од последното ЕП, но главните ракометари се во многу подобра форма. Митрески, Костески и Талески се новајлии во споредба со ЕП во Полска. Првиот меч се игра утревечер од 20:00 часот, а противник е Полска. Потоа во сабота следува дуелот против Тунис од 18:30 часот, додека во недела од 18:00 часот е мечот против селекцијата на Чиле.
ФОТО: Филип Вирановски - www.gol.mk