hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Ништо не е изгубено, треба да останеме позитивни

kire so polska 2

Капитенот на машката ракометна селекција на Македонија, Кире Лазаров по поразот од Полска на стартот од квалификациите за пласман на ЛОИ во Рио, истакна дека нема простор за паника, и наговести дека добрата игра и резултатите допрва ќе следат.

002

„Пред мечот имав чуство дека можеме да ја победиме Полска, и уште стојам позади тоа дека можеме да се носиме и да славиме било каде да се игра мечот. Нашата цел е пласман на ЛОИ, кога се губи целта беше да се загуби со што помала разлика. Не е ништо изгубено, треба позитивно да останеме. Таков е календарот, немавме време да се адаптираме од клупски на репрезентативен ритам. Секој прв натпревар е тежок, свесни сме како колективно така и индивидуално дека згрешивме, направивме премногу грешки. Останува да се одмориме и подготвиме за утре, ќе пружиме сигурно подобро издание, ќе надокнадиме", изјави Лазаров.

Нашиот десен бек денешниот меч го заврши со осум погодоци, со што воедно беше и најефикасен во селекцијата на Македонија. Веќе утре го играме вториот дуел од квалификации, и тоа како важен против Тунис, со почеток од 18:30 часот.

Share