hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Ракометарите ја започнаа „Операцијата Гдањск“

sobir2

Сениорската машка репрезентација на Македонија синоќа во хотелот „Русија" во Скопје го одржа првиот собир кој го означува стартот на подготовките за Квалификацискиот турнир за ОИ 2016.

002

Во убава, позитивна и пријателска атмосфера, а со мислите единствено насочени кон натпреварите во Гдањск, репрезентативците заедно со членовите на стручниот штаб поразговараа за значајниот период кој претстои. Поради настапи за своите клубови во текот на овој викенд, неколкумина играчи не присуствуваа на денешниот прв собир, но во текот на наредните денови, односно по завршувањето на клупските обврски, веднаш ќе се приклучат на подготовките.

sobir3

Почнувајќи од денес репрезентацијата ќе работи два тренинга дневно во салата „Јане Сандански", а за четврток е предвидено заминувањето за Гдањск. На квалификацискиот турнир за ОИ што ќе се игра од петок до недела, Македонија се наоѓа во група со Полска, Тунис и Чиле. Двете најдобропласирани репрезентации од групата ќе обезбедат пласман на Олимписките игри во Рио 2016.

Share