Барса го врати Ривера како замена за Сигурдсон
![]()

Брзото крило на шпанската репрезентација Валеро Ривера Фолг, инаку син на селекторот на катарската репрезентација, и официјално се враќа во Барселона по заминувањето во 2010 година во францускиот Нант. Ривера е производ на школата на Барса, но по завршувањето на договорот со исландскиот интернационалец Гудјон Валур Сигурдсон, пак се враќа во матичниот клуб.
Македонија на 11 место на новата ЕХФ ранкинг листа
ЕХФ ја објави ранг листата за најдобрите ракометни репрезентации за сезоната 2014/15 година. Нашата селекција благодарение на добрите настапи во 2015 година забележа напредок во оваа листа и со вкупно 230 бода, моментално се наоѓа на 11. место.
Од долго рамноправен меч, до огромни +10 за Барса во Памплона
Хелветиа Анаитасума – Барселона 22:32 (12:16)
Само пет дена по завршувањето на европското првенство во ракомет во Полска, европскиот првак Барселона имаше тешко гостување кај Хелветиа Анаитасума во рамките на ASOBAL лигата. Сепак ракометарите на Хавиер Пасквал од долго време неизвесен натпревар, убедливо славеа со 22:32 (12:16).
Олимпискиот сон почнува со Полска, завршува со Чиле
ИХФ денес ги објави имињата на земјите кои ќе ги организираат трите квалификациски турнири за Олимписките Игри во Рио 2016. Репрезентацијата на Македонија својот турнир ќе го игра во Гдањск во Полска против Чиле, Тунис и домашната репрезентација.
Лазаров: „Кампот е обврска за сите нас оваа година да бидеме уште подобри“
Најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров, минатиот јуни 2015-та година во организација на агенцијата КМГ Спорт го промовираше својот прв ракометен камп „Кирил Лазаров 7". Кампот се одржа во хотелот Аквалина во Охрид, кој нуди прекрасни услови за ваков тип на настани, одалечен на 5 км од Охрид во мирната населба Св. Стефан на брегот на Охридското езеро. Иако беше планирана бројка од 120, поради големиот интерес на кампот учествуваа 150 момчиња и девојчиња на возраст од 10-18 години од Македонија, но и надвор од границите на нашата држава.
Арената во Гдањск официјално домаќин на олимписките квалификации
Светската ракометна федерација донела одлука и се чека само дефинитивна потврда. Како што најавивме пред неколку дена, Македонија олимписката норма ќе ја брка во Гдањск во Полска. Иако свои кандидатури доставиле и другите федерации, сепак приоритет имаат земјите кои имаа подобар пласман на Мундијалот во Катар и кои се водат како носители. Така Македонија пак ќе се врати на полско тло да го брка својот најголем успех. Данска и Шведска се останатите домаќини на квалкификационите групи.
Започна пријавувањето за вториот камп “Кирил Лазаров 7“
![]()
Најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров, минатиот јуни 2015-та година во организација на агенцијата КМГ Спорт го промовираше својот прв ракометен камп „Кирил Лазаров 7“. Кампот се одржа во хотелот Аквалина во Охрид, кој нуди прекрасни услови за ваков тип на настани, одалечен на 5 км од Охрид во мирната населба Св. Стефан на брегот на Охридското езеро.
Кире Лазаров е петти најдобар стрелец на европското првенство
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров првенството во Полска го заврши на петтото место на листата на стрелци со 42 постигнати гола. Вистинска штета што не можеше да игра уште два натпревари како останатите, инаку веројатно ќе беше прв стрелец, по вторпат по подвигот во Србија во 2012 година.
Македонија со позитивна традиција против Чешка
Кога пред 28 години загубивме од Чешка со 20 разлика во генерацијата на Манасков, Алушовски, Марковски, Стефановски не се надевавме дека 18 години подоцна ќе имаме позитивен скор со оваа репрезентација. Во пресрет на јунските бараж мечеви имаме три победи, два порази и два нерешени исхода. Еве ги сите меѓусебни дуели на Македонија и Чешка:
Чешка е бараж пречката за македонската репрезентација!
Македонската ракометна репрезентација го дозна противникот за баражот за Светското првенство во Франција во јануари 2017 година. Чешка е нашиот противник во два меча и ако ја елиминираме, ќе играме на петто светско првенство во нашата историја, трето по ред.






