hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Фондацијата „Климент Колески“ партнер на ракометниот камп „Кире Лазаров 7“

fondacija

Две успешни приказни, спортска и хумана, се спојуваат во поддршката на младите и вистинските животни вредности. Ракометниот камп на Кирил Лазаров доби поддршка од Фондацијата „Климент Колески" од Охрид, која ќе го помогне второто издание на спортската школа што ова лето ќе се одржи во Охрид.

002

"Во животот ништо не е случајно, па и оваа наша средба со луѓето кои се задолжени за организацијата на кампот на Кирил Лазаров не е случајна. Од самиот почеток имаме искрена комуникација, што вроди соработка, која верувам ќе трае многу години. Мотивот и на фондацијата „Климент Колески" и Ракометниот камп „Кирил Лазаров 7" е во иста насока, а тоа е помагање на младите во спортот. Климент ги сакаше и дечињата и спортот и не се штедеше во тоа, едноставно тие го правеа среќен. Оваа фондација ќе продолжи да помага проекти од ваков тип, се разбира во рамките на своите можности, а сето тоа со цел да ја крене свеста меѓу народот да инвестираат во иднината на нашите дечиња" изјави Христијан Колески претставник на фондацијата "Климент Колески".

Share