Федерацијата со подршка за ракометарите и подарок за роденденот на Маркоски

Пред синоќешниот вечерен тренинг во салата „Јане Сандански", Претседателот на РФМ Живко Мукаетов и Генералниот секретар Филип Милошевски, ги посетија репрезентативците, при што низ краток работен состанок поразговараа за претстојниот квалификациски турнир за Олимписките игри.
Мукаетов се обрати на комплетната екипа изразувајќи максимална поддршка и верба во квалитетите, за исполнување на целта и испишување на нова страница во македонската спортска историја. Се надоврзаа и селекторот Ивица Обрван и капитенот Кире Лазаров, кои го изразија своето задоволство од елитните услови, добрата работа и одличната атмосфера во репрезентацијата што даваат дополнителна мотивација за успех на турнирот во Гданск.

Претседателот на РФМ, при посетата на репрезентацијата, му врачи и мал подарок на Велко Маркоски кој вчера го прослави својот 30 роденден.





