hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса обезбеди финале на каталонскиот Суперкуп

barsa rivera

Сан Естеве – Барселона 19:41 (10:18)

Ракометарите на Барселона ја оправдаа улогата на апсолутен фаворит и во првиот официјален натпревар во новата сезона го совладаа нисколигашот Сан Естеве со 19:41 (10:18). Овој меч беше првото полуфинале на Суперкупот на Каталонија, каде Барселона ја брани титулата од минатата година.

Барселона настапи без интернационалците кои настапија на Олимписките игри, но затоа за екипата на Хавиер Пасквал настапија двајцата Македонци, Кирил Лазаров и Борко Ристовски, кој дебитираше на голот на Каталонците. Првиот дел беше израмнет, се играше често со побавен ритам, па со 3:7 и 4:10, Барса на полувреме замина со 10:18. Во овој период лесни голови постигна Виктор Томас, а дебитираа и Дика Мем, Ласе Андерсон и повратникот Валеро Ривера.

borko barsa

Кога второто полувреме почна концентрирано и веднаш со четири неодговорени гола на Барселона, јасно беше што го чека тимот на Сан Естеве. При 10:22 немаше дилеми дека на крајот разликата ќе биде двоцифрена. Од тој момент Пасквал почна да комбинира со новини во играта и веќе во 45 минута, кога Филип Јиха постигна гол, разликата беше двојна (15:30). Со огромна леснотија екипата на Барселона го приведе мечот кон кеај за финални 22 разлика (19:41).

Најефикасни во екипата шампион на Шпанија беа крилата Ривера со 7 и Саубич со 6 гола. Арињо беше автор на 5 гола, а нашиот Кирил Лазаров постигна 4 гола. Иако мечот го почна Гонзало, Борко Ристовски брзо доби шанса и одлично дебитираше за новиот клуб. Противник на Барселона во финалето на Суперкупот на Каталонија како и минатата година ќе биде тимот на Гранољерс.

Share