hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса имаше проблеми едно полувреме, но подоцна ја порази Гвадалахара

gua - bar 1

Гвадалахара – Барселона 25:34 (15:14)

Ракометарите на Барселона ја извојуваа и втората победа од ASOBAL лигата, откако на гостувањето во Гвадалахара ја совладаа истоимената екипа со 25:34, иако имаа многу проблеми во првото полувреме. Омбрадос на голот започна одлично, а Фуертес и Руиз одржуваа баланс и водство на домаќините.

15:14 на полувреме беше изненадувачки епилог и со тоа само се налутија ѕвездите на Барселона. Посебно атрактивни беа головите на двете крила Томас и Ривера и со серија на лесни реализизации, Барса отиде на +5. Со многу рутина екипата на Чави Пасквал го приведе мечот кон крај до победа од девет гола разлика (25:34).

Во победничката екипа одличен настап имаа Томас со 9 и Ривера со 7 гола. Кирил Лазаров постигна еден гол од исто толку обиди, а Борко Ристовски не доби шанса за настап, бидејќи Пасквал му ја даде довербата на Гонзало.

Во поразената екипа на Гвадалахара се истакнаа Колома со 7 и Фуертес со 5 гола. Ветеранот Омбрадос собра 9 интервенции. Барселона стартуваше со две победи и најави дека планот на екипата од Каталонија е нова титула и соборување на нови рекорди во шпанскиот ракомет.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share