hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса замина на висински подготовки во Андора

barsa pripremi

Шпанскиот шампион во ракомет и дом на двајца македонски интернационалци, Кирил Лазаров и Борко Ристовски од денес се наоѓа на висински подоготовки во Андора како и секоја година. Разликата е што овој пат тренерот Чави Пасквал овој пат се одлучи да ги направи поготовките откако ќе се вратат интернационлците кои учествуваа на Олимписките игри, а не на самиот почеток без нив.

Во следните пет дена со три тренинзи дневно, Барса ќе ја темпира формата за новата сезона во која брка шест трофеи. Првиот може да го освои во сабота кога го игра ASOBAL Суперкупот против Хелветиа Анаитасума, која минатата сезона играше во финалето на Купот на Кралот.

За разлика од претходните две сезони Барселона нема да учествува на IHF Супер глоб, кој следната недела почнува во Доха, а стариот континент ќе го претставуваат Веспрем, Фуксе Берлин и ПСЖ.

Share