hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров одличен, Барса со тешка победа се враќа од Логроњо

kire lagrono

Натурхаус Ла Роха - Барселона 22:24 (11:13)

Ракометарите на Барселона се намачија, но забележаа нова победа во шпанскиот шампионат, откако во Логроњес го совлада домашниот Нарухаус Ла Роха со 22:24 (11:13). Домаќините започнаа многу мотивирано и по 10 минути играа имаа предност од 6:4, благодарение на головите на Герпе и Наранхо. Сепак првакот ги среди своите редови и со серија 4:0 дојде до +2 на половина од првиот дел.

Нашиот Кирил Лазаров беше централна фигура во пресвртот и со пет гола до одморот донесе чувствително 7:10 и 8:11 за Барселона. Покрај капитенот на нашата репрезентација уште Сорондо даде три гола, а Гонзало собра 8:9 одлучувачки интервенции. На одмор првакот на ASOBAL лигата замина со водство од 11:13.

На почетокот од вториот дел двете екипи играа гол за гол, па Винисиус Лангаро го доведе на искушение тимот на Пасквал. Барса не успеа да отиде на осетлива разлика и со 2-3 гола предност немаше никаква гаранција за триумф.

Сепак добрата одбрана и искусниот Лазаров беа причината за тримф од 22:24 и трета радост за екипата на двајцата македонски интернационалци. Во екипата на Барселона се истакнаа Ласе Андерсон со 7 и Кирил Лазаров со 5 гола, а Гонзало имаше 16 интервенции. Во тимот на Натурхаус Ла Риоха, Лангаро даде 6 гола, а Капелин имаше 10 интервенции.

Share