
Еден од неколкуте млади ракометари кои ова лето пристигнаа во Барселона е Французинот кој дојде од Трембле, Дика Мем. Тој има само 18 години и одушевен е од новата средина и од нашиот Лазаров.
„Добро сум примен, веќе разговарав со тренерот Пасквал, ќе играм со голем ракометар како Лазаров и очекувам многу да научам од него. Горд сум што ќе играм за клуб како Барселона", истакна младиот Мем.
Тој го доби дресот со број 24 и треба да биде дополнителна вредност на шпанскиот првак оваа сезона. Спортскиот директор на Барса, Давид Баруфет го опиша младиот Французин како идеален играч за игра еден на еден.