hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Нова рекордна победа ,Барса првак на Шпанија по 22 пат

barca sampion 201415

Сегурос Замора - Барселона 19:45 (8:24)

Со победата на гостувањето кај Сегурос Замора, ракометарите на Барселона и математички ја осигураа својата 22 титула првак на Шпанија. На 5 кола до крајот на ASOBAL лигата, момците на Пасквал ја потврдија својата супериорност и со победа од 26 разлика кај новиот прволигаш Сегурос Замора, стигнаа до петтата последователна титула.

Со голот на Алонсо Поло во 3 минута, Сегурос Замора поведе со 2:1, што се испостави како последно водство на домашната екипа. Сармиенто и Арињо со голови од полуконтранапади брзо го одлепи фаворитот (3:7). Следеа голови и на Седрик Сорондо и на Сергеј Рутенка од позиција на пивотмен за 3:10 во 13 минута. Се што се случуваше до крајот беше само тренинг на каталонците во пресрет на вториот меч со ППД Загреб во Лигата на шампионите. Нодесбо во 19 минута погоди за 6:16 и првата двоцифрена предност. До полувремето погоди и Кирил Лазаров, па пак Нодесбо и на крајот од првиот дел Арињо за 8:24 на полувреме.

Во целото второ полувреме, Пасквал мислеше како да ја заврши работата, а да не ја потроши екипата, која мораше да игра два меча во три дена. Пак Нодесбо реализираше по додавањето на Рутенка за 10:28 во 35 минута. 34 годишниот данец како на филмска лента ги реализираше акциите на соиграчите и во 40 минута погоди за 11:32. Лазаров реализираше седмерец на половина од вториот дел за 14:37. Многу лесно и многу брзо Барселона ја проби бариерата од 40 гола и тунижанецот Жалуз на 7 минути до крајот беше автор на 40 гол. Чиста рутина во финушот и финална победа од 19:45 со голот на домашниот ракометар Гутиерез на една и пол минута до крајот. 25 меч и 25 победа и повеќе од два шампионати без пораз во ASOBAL лигата за екипата на Барселона. Во победата над Сегурос Замора, Нодесбо вгради 10 гола, Рутенка даде 6, Жалуз 5, а нашиот Кирил Лазаров 2 гола. Гонзало на голот имаше 18 интервенции. Кај поразената екипа на Сегурос Замора, Алонсо Поло со 5 гола од исто толку обиди беше најпозитивен. Домашните голмани имаа само 4 интервенции. Никогаш во новиот милениум толку рано некој не станал првак на Шпанија. Барса на пет кола до крајот го освои петтиот трофеј во сезоната и има целосна слобода да се концентрира на Лигата на шампионите.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share