Лазаров: „Го потврдивме квалитетот и нашата тактичка подготвеност„

Барселона заврши голема работа со победата во Хрватска против ППД Загреб, а на официјалната прес-конференција зборуваше нашиот Кирил Лазаров. Тој уште еднаш потврди дека е направена голема работа со минималниот триумф и ја пофали тактичката подготвеност на стручниот штаб:
„Пред мечот сериозно се подготвувавме и на психолошки план бидејќи знаевме дека е тешко да се игра пред преполна арена и извонредни навивачи. Не победивме лесно, како што рече и тренерот на Загреб, Веселин Вујовиќ. Тоа што Барселона е прва екипа која победи во Загреб доволно се кажува. Го потврдува и нашиот квалитет, но и нашата тактичка подготвеност. Одигравме мудро и концентрирано во клучните моменти, па се сега ни преостанува во Барселона уште еднаш да го потврдиме квалитетот и да обезбедиме место на Final four завршницата" констатираше Лазаров кој постигна 5 гола во дуелот со ППД Загреб.




