Пасквал: „Тимовите се секогаш одраз на тренерот, па така е и со Загреб„

Од синоќа Барселона е во Хрватска и го подготвува дуелот на два традиционални ривали во последните 30 години во европскиот ракомет. ППД Загреб иако на хартија е аутсајдер, е голем клуб, зад себе има искусен тренер и армија на навивачи, па од Барселона мечот го сваќаат многу сериозно и ќе се обидат голем дел од работата да завршат на овој натпревар во Хрватска.
"Тимовите се секогаш израз на менталитетот на тренерот, и тоа е пример и во овој случај. Загреб е моќен и комплетен тим. Тие се многу добар состав, со многу дефанзивни решенија. Ќе се играат цврсти одбрани и ќе бидеме под голем притисок, бидејќи влогот е голем. Ова е сепак четвртфинале на Лигата на шампионите„ со многу респек за противникот зборуваше тренерот на Барселона Хавиер Пасквал. Неговиот колега Вујовиќ се наврати на играчките денови и го пофали колегата за добро завршената работа: "Не беше голман со големи физички предиспозиции, но беше помудар отколку другите, па не ми е чудно што стана добар тренер. Со Барселона прави многу добра работа. Со оглед на квалитетот на тимот, не е тешко да се биде шампион на Шпанија, но за нив беше голем удар кога не ја освоија Лигата на шампионите минатата година. Оваа година тие се повторно големи фаворити за титулата" рече Вујовиќ. Вечерва од 20:10 нема да има празно место во големата загребска „Арена„ каде се игра само првото полувреме од четвртфиналниот двомеч.




